Утрински Весник
Магазин

Ќе ја исполнам последната желба на Панчо

Image 2025 10 16 174732618.png

Фотографката Фросина Левковска преку објава на социјалните мрежи соопшти дека ќе ја исполни последната желба на пејачот Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој по седум месеци ја загуби битка со последиците од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

“Хуманитарен концерт за настраданите во Кочани, а воедно и концерт во чест и сеќавање на групата ДНК.


Ова нема да биде обичен настан, ова ќе биде симбол на љубов, хуманост и почит кон едни големи луѓе, хуманитарци пред се-Андреј и Панчо. Нашата соработка токму така и започна преку хуманитарен настан што јас го организирав, а од тој момент врската и енергијата меѓу нас беа посебни.

Концертот нема да се одржи сега. Сега тагуваме и се сеќаваме на нив со љубов и болка.Настанот ќе биде организиран во наредниот период, кога ќе можеме со достоинство да го одбележиме нивното дело и да покажеме хуманост, како што тоа би го сакал Панчо.

Сите кои сакаат да учествуваат пејачи, бендови, техничка поддршка или на кој било начин да помогнат нека ми пишат во порака. Да го направиме ова заедно, како што би сакал тој.

Споделете го ова за да видат повеќе луѓе кои сакаат да ми помогнат заедно да го реализираме заедно во иднина и тагнете ги сите да го видат ова”, стои во објавата.

Можете да прочитате

Консумирајте ги почесто: Овие намирници ќе ви помогнат подобро да спиете цела ноќ

Најсреќен месец за секој хороскопски знак во 2026 година: Еве кога сте најмоќни и постигнувате сè што чекавте

Не е само рузмарин: Овие масла ќе ви помогнат косата да расте како луда и да биде јака, нема да одите фризер