Утрински Весник
Магазин

Eј-си/Ди-си: Премногу сме тврдоглави за промена

Eј-си/Ди-си: Премногу сме тврдоглави за промена

Кога „Еј-си/Ди-си“ ја завршија турнејата Rock Or Bust во Филаделфија пред четири години, иднината на австралискиот хард-рок бенд изгледаше мрачна.

Пејачот Брајан Џонсон беше заменет со Аксл Роуз во последните 23 настапи, откако лекарите му рекоа да престане со турнејата или ризикува веднаш да изгуби слух“. Ритам гитаристот Малком Јанг беше во последен меч во битката со деменцијата, а во меѓувреме и почина. Тапанарот Фил Руд мина поголем дел од претходната година во домашен притвор во Нов Зеланд.

Додека ја свиреше последната нумера For They About To Rock на арената Велс Фарго, основачот на бендот Ангус Јанг сметаше дека рок-бендот најверојатно ќе се пензионира.

„Можеби дискографската куќа би предложила компилациски запис или слично, но не и нов албум“, изјави песимистички оснивачот пред четири години.

Но, во меѓувреме, Јанг постепено и макотрпно го состави бендот заедно. Дури и Џонсон беше во можност да се врати, благодарение на некои пионерски изуми за враќање на неговиот слух.

Резултатот е 17-ти албум Power Up, кој ниту отстапува, ниту ја разблажува проверената формула на бендот која одолеа на времето.

„Можеби е затоа што бевме тврдоглави, но тоа е како, кога сакам да ги слушнам „Ролинг стоунс“, не ми требаат „Стоунс“ кои се обидуваат да бидат џез-група. Ние се држиме до она што го правевме најдобро. Отсекогаш бевме свесни дека нашата сила не е нашата слабост, “ вели Јанг.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста