Утрински Весник
Македонија

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Прва Светска Војна

Aa915049 8401 4084 b960 5a1bf5fa3baf.jpg

Денеска, кон пладне е пријавено од СВР Гевгелија дека во Општина Богданци од индустрискиот дел на Општината е пронајдено неексплодирано убојно средство (НУС). Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) стручно лице, пиротехничарот Зоран Пеев, веднаш излегол на лице место и утврдил дека се работи за ретка минофрлачка граната од 70 mm што е НУС од Прва Светска Војна.

По безбедносните проверки на состојбата на неексплодираната граната, согласно пиротехничарските, деминерски, стандардни оперативни процедури, гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена и се транспортира за понатамошна постапка за нејзино уништување.

Можете да прочитате

Сообраќајка на автопатот кај Петровец – итните служби на лице место

Мицкоски, Гаши и Силјановска на прием кај г.г. Стефан

Одреден притвор за сопственикот на опожареното кафуле во Кран – Монтана