Утрински Весник
Спорт

Двократниот олимписки шампион Џошуа Чептегеи се повлече од трката на 5.000 метри на Олимпијадата во Париз

20240807093513 Big 730x400 13.webp.webp

Тркачот од Уганда Џошуа Чептегеи нема да се натпреварува на 5.000 метри на Олимпијадата 2024.

Чептегеи е олимписки шампион во Токио 2020 на оваа делница. Во Париз 2024 го освои златото на 10.000 метри.

– Толку сум горд што го освоив олимпиското злато на 10.000 метри. Толку сум горд на Уганда. По светска јуниорска титула на 10.000 метри, трикратна светска титула на 10.000 метри, светски рекорд на 10.000 метри, овој олимписки рекорд златен медал ја комплетира мојата колекција. По разговорот со мојот тим, решивме дека е најдобро да не се натпреваруваме на 5.000 метри Ви благодарам на сите за поддршката и ќе се видиме наскоро! – напиша спортистот на социјалните мрежи. 

Трката на 5.000 метри на Олимписките игри во Париз е закажана за 10 август. 

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност