Утрински Весник
Македонија

 Дводневна работна средба меѓу директорите на полициите на С.Македонија и на Црна Гора

020 scaled.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во период од 21 – 23 февруари 2024 година, во работна посета на Република Северна Македонија, како гостин на директорот на Бирото за јавна безбедност д-р Сашо Тасевски престојува директорот на Управа на полиција на Црна Гора г. Зоран Брџанин. Работниот дел, кој се одржа денеска, беше искористен за средба меѓу двајцата директори и членови на црногорската и македонската делегација во просториите на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија. Средбата помина во исклучително пријателска атмосфера, беа разменети искуства од заеднички интерес помеѓу двете делегации, а како заклучок произлезе идната соработка во областа на криминалистичко разузнавање и спроведување на заеднички обуки на специјалните полициски единици на двете земји. За време на работниот дел од посетата денеска, директорот на Управата на полиција на Црна Гора г. Брџанин ќе има можност да ги посети специјалните единици при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност д-р Тасевски да положи свежо цвеќе на спомен плочата на загинати припадници на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР.

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен