Утрински Весник
Македонија

Двојно зголемени затворските казни за пожарот во модуларната болница во Тетово

Modularna bolnica tetovo pozar8 700x355 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Двајца поранешни директори на Клиничката болница во Тетово, денеска од Апелацискиот суд во Гостивар добија повисоки казни затвор пожарот во тетовската модуларна болница кој се случи на 8. септември 2021 година.

Флорим Бесими и Артан Етеми, сега се осудени на по три години затвор, наместо претходно досудената година и половина, за „тешки дела против општата сигурност“.

Судиите од повисокиот суд ги одбија жалбите на обвинетите и ги прифатија барањата на Обвинителството за построги казни. Дополнително, на правното лице Клиничка болница Тетово му е изречена зголемена парична казна од 1.300.000 денари (околу 21.000 евра).

Во пожарот во модуларната болница загинаа 14 луѓе, пациенти кои се лекуваа од ковид. Истрагата потоа покажа дека пожарот избувнал од неисправен продолжен кабел на кој биле поврзани медицински апарати. Бесими и Етеми се единствените осудени за трагедијата.

Можете да прочитате

ДЗС апелира до угостителите да внимаваат на максимален број гости и функционални излези за безбедни прослави

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

ЗНМ: Партиите да не се препукуваат преку грбот на новинарите