Утрински Весник
Балкан

Двојно убиство во Србија: Внук ги убил бабата и дедото, па избегал

Srbija Policija 960x548 1 720x411 1.jpg

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги убил бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.

Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.


Соседите се во шок и велат дека убиениот пар биле мирни и чесни луѓе, добро познати во селото. Тие велат дека младиот осомничен не оставал впечаток на проблематична личност, додавајќи дека целото семејство е почитувано во селото и дека никој не можел да предвиди таква трагедија.

„Слушнавме дека нивниот внук ги убил. Тој е син на нивната постара ќерка, живее во селото Дубока, но повремено доаѓал и престојувал кај нив. Неговите родители се во Италија, а неговите баба и дедо по татко починале одамна“, изјавил еден од соседите за „Блиц“.

Мештаните велат дека убиените М.Р. и Ж.Р. биле мирни и чесни луѓе.

Можете да прочитате

Грчката полиција разби криминална организација на Крит за работна експлоатација на државјани на трети земји

Црна Гора привремено го затвора Поглавјето 21 во преговорите со ЕУ

 Над 800 возачи вратени од Шенген зоната