Утрински Весник
Свет

Двегодишно дете е осудено на доживотен затвор во Северна Кореја, за тоа виновни се родителите

Двегодишно дете е осудено на доживотен затвор во Северна Кореја, за тоа виновни се родителите

Двегодишно дете е осудено на доживотен затвор во Северна Кореја затоа што неговите родители поседувале Библија.

dobivaj vesti na viber

„Семејството беше уапсено врз основа на нивната религиозна припадност и поседување на Библија во 2009 година. Целото семејство служи во политички логор“, се вели во извештајот.

Се додава дека престојот во овие кампови е исклучително тежок и дека осудените често се изложени на физичко насилство.

Смртните казни за религиозни верувања не се ретки во оваа земја. Една жена и нејзиниот внук беа застрелани во 2011 година.

Висок функционер е убиен на аеродромот пред 3.000 луѓе бидејќи во неговиот багаж била пронајдена Библија, пишува „Метро њуз“.

Според овој извештај, црквите во Северна Кореја служат само како „витрини за туристите“, а еден човек кој ја посетил земјата рекол дека во нив никогаш нема деца.

Можете да прочитате

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија

Трамп се разочарал по телефонскиот разговор со Путин

Хамас бара гаранции за прекин на војната