Утрински Весник
Македонија

Две жртви на интернет и телефонска измама

Telefonska izmama.webp.webp

На 05.03.2026 во 13:30 часот во ОВР Кавадарци, 56-годишен кавадарчанец пријавил дека бил измамен од неколку лица за сума од 4.900 евра. Според пријавеното, тој преку интернет контактирал со лицата, кои се претставиле дека се од странска компанија и го навеле да уплати пари на компанијата и на тој начин да инвестира во берза. Како што е пријавено, тој во неколку наврати ги уплатил парите, а подоцна лицата побарале да изврши дополнителна уплата од 10 000 евра за да може да изврши поврат на парите што ги вложил, со што сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 05.03.2026 во 21:00 часот во ОВР Кавадарци, 81-годишна кавадарчанка пријавила дека била измамена за сума од 300.000 денари. Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Како што е пријавено, откако се договориле, излегла пред својот дом и парите му ги дала на машко лице, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.


Можете да прочитате

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во следните 10 години

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити