Утрински Весник
Македонија

Две жени во Велес и велешко физички нападнати од своите мажи, едниот употребил и тврд предмет

Svr veles.png

Првиот напад се случил вчера попладне, во 15:20 часот, во велешко село кога била нападната 58 годишна жена од својот четири години постар сопруг. Полициски службеници постапиле по пријава за нападот што се случил во семејниот дом каде напаѓачот употребил тврд предмет и физички ја нападнал сопругата, информираат денеска од СВР Велес.

Во вториот напад физички нападната била 32 годишна велешанка од 24 години постар невенчан сопруг кого таа го пријавила во Полициска станица изминатава ноќ во 02:30 часот.


Од СВР Велес, информираа дека полициски службеници ги привеле двајцата напаѓачи, а известиле и јавен обвинител. Воедно најавија дека по документирање на настанот против нив ќе поднесат соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2 денари и иста цена или минимално покачување на дизелот

Мицкоски: Бројките од анкетите не мотивираат дополнително да работиме

Душица Мрѓа за Кочани: Мицковски и Филипче ја саботираат Анкетната за кочани