
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение дека на 13.04.2025 под дејство на алкохол во Клиничка болница Тетово физички ги нападнал лекарот и медицинската сестра, кои му пружале помош.
Исто така на 15.10.2025 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во гаража на здравствена установа на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.П.(38) и Б.М.(45), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.