Утрински Весник
Македонија

Две нови услуги на МВР достапни на националниот портал uslugi.gov.mk

20250419103801 big 730x400 91.jpg

Министерството за дигиталната трансформација информира дека достапни се две нови услуги на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk, кои се однесуваат на Министерството за внатрешни работи.

„Одличната соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Министерството за внатрешни работи доведе до тоа да нови две услуги се достапни за граѓаните електронски на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk. Станува збор за многу користени потврди за моторни возила кои се употребуваат во прометот – Потврда за моментална сопственост на моторни возила за физички лица и Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица (историјат за возило). Овие две услуги отсега се достапни во електронска форма и истите можат да се употребуваат во правниот промет. Нивното добивање е достапно и во центрите за услуги на Министерството за дигитална трансформација во Скопје (Центар), Аеродром, Куманово, Тетово, Јегуновце, Битола, Охрид и Штип“, се вели во соопштението.


Од министерството посочуваат дека дигитализацијата на овие нови услуги на Националниот портал е значаен чекор напред во насока на транспарентност и ефикасност на институциите. Со нивното дигитализирање, граѓаните добиваат ефикасна услуга, јасен увид во постапките, намалувајќи ја можноста за злоупотреби и зајакнувајќи ја довербата во јавната администрација.

„Дополнително, ова претставува пример за успешна меѓуинституционална соработка, каде податоците од Министерството за внатрешни работи се интегрираат преку платформата за интероперабилност со Националниот портал управуван од Министерството за дигитална трансформација. Оваа заедничка работа овозможува унапредување на јавните услуги на начин кој е поедноставен, побрз и потранспарентен за сите граѓани.

Соработката со Министерството за внатрешни работи продолжува и во иднина, и за очекување се и нови услуги кои ќе се нудат за граѓаните по електронски пат. Министерството за дигитална трансформација останува посветено на проширување на вакви примери на соработка со другите институции, со цел да се обезбеди дигитализирана држава која работи ефикасно, отворено и во служба на секој граѓанин“, додаваат од Министерството за дигитална трансформација.

Можете да прочитате

Љутков: Доцнењето е поради долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата, извинете за оваа непријатност

Растат црните статистики: Bо 2024-та загинале 142 лица, најчесто поради брзо возење

Родителите на децата загинати во пожарот во Кочани: Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца