Две момчиња се ранети денеска при пукање во Штрпце, Косово, пренесуваат српските медиуми. Повредени се С.С.(11) и М.С.(21) кои биле пренесени во болница.
Тие се здобиле со прострелни рани. Еден од нив бил застрелан во рака, а другиот во рамото. Според написите тие не се во животна опасност.
Од Канцеларијата на Косово е соопштено дека роднините С.С и М.С во моментот на нападот се движеле покрај патот и носеле бадниково дрво кога напаѓачот отворил оган врз нив.
Од Канцеларијата изјавиле дека „се работи за очигледен обид за убиство на невини српски деца кои се мачеле само затоа што носеле бадник“, пренесува Нова.рс.