Утрински Весник
Свет

Две лица загинаа во воздушен напад на Киев

D0b2d0bbd0b0d0b4d0b0d182d0b0 D0b2d0be D0bad0b8d0b5d0b2 D0bfd180d0b5d0b4d0bbd0bed0b6d0b8 D0b7d0b0d0bad0bed0bd D0b7d0b0 D183d0bad0b8d0bd 63ca6d1b9a5fe.jpeg

Две лица, маж и дете, загинаа во текот на претходната ноќ во воздушен напад врз Киев, соопштија утрово украинските спасувачки служби.

Три лица, пак, се тешко повредени откако урнатини паднале врз станбена зграда во источното предградие на Киев, соопшти спасувачката служба.

Голем дел од земјата во текот на ноќта беше под воздушна тревога, особено Киев, каде доцна синоќа се слушнаа првите експлозии.

Претходните денови се стравуваше од можен руски воздушен напад врз Киев како одговор на упадот, кој се уште трае, во руската област Курск, северно од главниот град на Украина.

Украинските власти, за да се заштитат, бараат од западните сојузници да им обезбедат повеќе системи за противвоздушна одбрана.

Од руска страна, гувернерот Алексеј Смирнов посочи дека 13 лица се повредени во текот на ноќта во Курск, меѓу кои две потешко, кога врз зграда паднале остатоци од украински проектил соборен во текот на ноќта.

Властите во руската област Белгород, северно од Харков, исто така известија за напад од украинско беспилотно летало, без извештаи за жртви.

Можете да прочитате

Ова е пилотот кој управувал со авионот кој се урна во Бразил: Имал 10 години искуство и над 4500 часа лет

Киев за упадот на руска територија: Целта е да се дестабилизира Москва

Белоруски тенковски екипи се префрлија на границата со Украина