
На 14 декември 2025 година, на автопатот Табановце–Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделението за гранични работи и миграции (ОГРМ), во два одвоени настани лишиле од слобода две лица и заплениле поголема количина стока без соодветна документација.
Во првиот случај, полициските службеници сопреле патничко возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.И. (38) од Куманово. При извршениот преглед во возилото биле пронајдени 272 парчиња разновидна брендирана стока, без документација за потекло. Стоката е одземена, а возачот лишен од слобода.
Во вториот настан било сопрено патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (41) од Скопје. При контролата биле пронајдени 174 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без соодветна документација. Возилото и алатот се одземени, а лицето е лишено од слобода.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

