Утрински Весник
Свет

Две лица тешко повредени во ски-центар во Словенија

Две лица тешко повредени во ски-центар во Словенија

Две лица беа тешко повредени во словенечките скијачки центри минатиот викенд.

dobivaj vesti na viber

Полициската управа во Марибор соопшти дека 59-годишен скијач паднал во реонот на Словенска Бистрица кога изгубил рамнотежа при исклучување на патеката и тешко се повредил, пренесува словенечкиот портал 24UR.

Полицијата соопшти и дека на истиот простор на приватен имот, малолетник бил повреден додека се санкал со друго лице, при што и двајцата паднале од санката.

Порталот „Совена“ наведува дека во последно време е зголемен бројот на несреќи на скијачките патеки, а за тоа придонесува ниската свест за безбедноста на скијачите, како и „нивната дрскост и невнимание“.

Во Словенија носењето заштитна кацига за скијање е задолжително за деца под 14 години, а се препорачува и за возрасни,пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70