Утрински Весник
Македонија

Две лица повредени во сообраќајка во скопско Бардовци

Две лица повредени во сообраќајка во скопско Бардовци

Вчера во 17.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Бардовци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота ајго“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ц.П.(49) од Маврово и патничко возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.(44) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.П., а со телесни повреди се здобил З.П., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Според полицијата, извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ прави јавен линч кон Филипче

Променливо облачно, слаби локални врнежи од дожд и снег

45 дела пријавени за наградата „Роман на годината“