Утрински Весник
Свет

Две деца од Британија се удавија во Германија, нуркачи ги извлекле од езерото

Две деца од Британија се удавија во Германија, нуркачи ги извлекле од езерото

Две деца, двајца браќа – британски државјани, починале во болница откако биле извлечени од езеро во Германија каде биле на одмор со своите родители, јавува Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Двајцата браќа, на возраст од седум и девет години, биле во посета на градот Ајзербахче, непосредно пред Ахен, кога нивните родители доцна синоќа пријавиле дека се исчезнати.

Спасувачките екипи ги пронашле момчињата во езеро, недалеку од границата со Белгија, и тие биле пренесени во болница каде и двајцата починале.

Според некои извештаи, момчињата не знаеле да пливаат.

Обвинителството во Ахен отвори истрага за да утврди дали има елементи на кривично дело, вклучително и небрежност,пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Синот на „Ел Чапо“ го смени исказот – се изјасни за виновен за трговија со дрога

Свлечиште потопи усидрени бродови во Перу, најмалку 12 луѓе загинаа, 50 се исчезнати

САД не гледаат потреба Рубио да присуствува на состанокот на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО