Утрински Весник
Свет

Две деца на возраст од три и шест години починале поради труење со храна во Истанбул

Screenshot 2025 11 13 190607.jpg

Две деца кои биле на одмор во Истанбул заедно со своите родители починале од труење со храна. Родителите на децата се на интензивна нега во болницата.

И покрај сите напори, децата на возраст од шест и три години не можеле да се спасат. Родителите се уште се на интензивна нега – изјавил покраинскиот директор на истанбулската филијала на турското Министерство за здравство, пренесуваат медиумите во регионот.


Доктор Абдула Емре Ѓунер изјавил дека е започната истрага од страна на здравствената управа.

Според приватната телевизија НТВ, која се повикува на полициската истрага, семејството е по потекло од Германија и било на одмор во Турција.

Локалните медиуми јавуваат дека труењето со храна најверојатно дошло од школки купени од уличен продавач и полнети компири – популарна улична храна – кои ги јаделе во вторникот во туристичката област Ортакој, на европската страна од Босфорот.

Овој дел од Истанбул, според медиумите е многу популарен и познат по својата таканаречена улична храна.

Можете да прочитате

Турски „ер трактор“ се урна во Хрватска, пронајдено е телото на пилотот (ФОТО)

Секој трет невработен Европеец е без работа најмалку една година

Демократите објавија три е-пораки на Епштајн во кои се спомнува Трамп