Утрински Весник
Македонија

Две апсења на гранични премини во Македонија за 24 часа

Granica pasosh 1.jpg

На 15.10.2025 во 16:55 часот на Граничен премин Свети Наум, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Н.Б.(64) од Албанија затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидирал со мерка „апси” по барање од ОВР Струга, а во врска со кривично дело „кражба”.

Тој е предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.


Уште еден сличен случај е регистриран исто така вчера во 21:40 часот во Полициската станица за граничен надзор Франгово, кога полициски службеници го привеле A.К.(28) од Албанија, затоа што при проверка е констатирано дека остварил илегален влез во државата.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Кафеаните ќе треба да направат посебни влезови до простории за непушачите

Пронајдена дрога во Гостивар, уапсени три лица, следува пријава

Муцунски: Наш неостварен стратешки приоритет е отворањето на преговорите и што побрзо членство во ЕУ