Утрински Весник
Свет

Два украински дрона нападнале голем руски петрохемиски комплекс

Dron.webp.webp

Два украински дрона го нападнаа рафинерискиот и петрохемиски комплекс „Газпром Нефтехим Салават“ во републиката Башкортостан, кој е еден од најголемите во Русија, напиша шефот на републиката, Радиј Хабиров, на апликацијата Телеграм.

-Го проценуваме обемот на штетата. Моментално го гасиме пожарот. Сите (служби за итни случаи) се на лице место, рече Хабиров.


Тој рече дека нема повредени и дека безбедносните сили на комплексот отвориле оган врз дроновите.

Во меѓувреме, украинските вооружени сили соопштија дека синоќа нападнале рафинерија за нафта во рускиот Волгоградски регион.

Во објава на каналот Телеграм на украинските специјални сили се наведуваат прелиминарни информации дека рафинеријата за нафта престанала да работи.

Можете да прочитате

Иранските напади врз американски бази предизвикаа штета од 800 милиони долари

Во Германија масовно се краде дизел гориво

Преговори меѓу Украина и САД без Русија во Мајами