Утрински Весник
Свет

Двајцата уапсени за нападот со нож во воз на станицата во Хантингдон се родени во Велика Британија, соопшти полицијата

20251102131731 big 730x400 77.webp.webp

Двете лица уапсени во врска со нападот со нож врз возот се родени во Велика Британија, соопшти Британската полиција, цитирана од ДПА.

Тие се на возраст од 32 и 35 години. Тие беа приведени откако возот од Донкастер до лондонската станица „Кингс Крос“ беше запрен на станицата Хантингдон.


Полицијата смета дека нападот не бил мотивиран од терористички побуди. Две лица остануваат во опасност по нивните животи по крвопролевањето во брзиот воз.

Во нападот девет лица се здобија со повреди и се во животозагрозувачка состојба, изјави денеска британскиот министер за одбрана Џон Хили.

Можете да прочитате

САД уништиле само една третина од ракетниот арсенал на Иран?

За денеска низ САД најавени масовни протести против Трамп

Голем антидесничарски протест во Лондон