Утрински Весник
Македонија

Двајцата потврдени пациенти со мајмунски сипаници се од Скопје, не патувале надвор од државата

Jovica andonovski.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски на денешната прес-конференција информира дека по лабораториски анализи на Институтот за јавно здравје потврдени се два случаи на мајмунски сипаници.

Андоновски соопшти дека попладнево ќе заседава Комисијата за заразни болести.


Апелира граѓаните да не паничат оти како што рече, системот функционира и се преземаат сите активности.

И директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска информира дека се работи за два машки пациенти родени на 1981 и 1985 година, и двајцата од Скопје. Според информациите шти ги дале двајцата пациенти не патувале никаде надвор од државата.

Таа нагласи дека едниот пациент е хоспитализиран на Инфрктивната клиника во Скопје, а според нејзините информации се уште не е хоспитализиран. Потенцира дека не се поврзани случаи.

И директорката упати апел граѓаните да не паничат и потенцира дека не се работи за ново заболување и за тоа веќе има протоколи.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе