Утрински Весник
Македонија

Двајца жители на Аеродром ги нападнале сопругите од кои се разведуваат

Policija 3 1.jpg

Два случаја на семејно насилство се забележани во полицискиот билтен во скопската населба Аеродром во изминатите 24 часа, соопшти полицијата. Во едниот случај имало и физички напад, додека во другиот е пријавено агресивно однесување и закани кон сопругата, со која пријавениот бил во бракоразводна постапка.

„Денеска (19.09.2024) во 08.45 часот во Полициската станица Аеродром бил извршен службен разговор со М.И.(40) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 16.09.2024 во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.

Во 09.40 часот во Полициската станица Аеродром, пак, бил извршен службен разговор со К.В.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и упатувал закани на неговата 33 – годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од полицијата.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ панично си го мери опаѓачкиот рејтинг со народни пари – над еден милион евра за анкети и владина пропаганда

Здруженијата на пензионери – демократски организации или затворен систем?

ВМРО-ДПМНЕ: Партизираното судство градено со години во служба на моќници поединци, наместо во слово на законот