Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Двајца уапсени за убиството на Сабљо

Двајца уапсени за убиството на Сабљо
300x250 opst2

Министерот за внатрешни работи на Хрватска Давор Божиновиќ го коментираше убиството на 41-годишниот Томислав Сабљо во ноќниот клуб Риц.

dobivaj vesti na viber

„Основната работа, а ја слушнавте и соопштението на загрепската полициска управа, е дека полицијата навремено реагирала, дека уапсила две лица кои се поврзани со тоа убиство, а сега се води кривична истрага која ќе резултира со епилог, а потоа ога се ќе биде јасно и ќе можам да кажам детално“, рече Божиновиќ, нагласувајќи дека повеќе од тоа не може да каже.

Тој истакна дека полицијата е ефикасна и дека градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, со право рекол дека ефикасноста на полицијата никогаш не била поголема, пренесува Н1.

„Во овој момент можеме да констатираме дека не се работи за однапред планирано убиство или договорен конфликт меѓу инволвираните лица, веројатно е дека порано се случила расправија, ситуационо кривично дело. Затоа, криминал има, но криминалот во Хрватска ефикасно се решава“, нагласи Божиновиќ.

Можете да прочитате

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас

Германска градоначалничка избодена со нож