Утрински Весник
Македонија

Двајца скопјани измамиле кавадарчанец, му продавале лажен стан

Двајца скопјани измамиле кавадарчанец, му продавале лажен стан

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф. С. (33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама по член 247 и против Ф. Ј. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама по член 247 во врска со член 24 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Пријавените во текот на ноември 2022 година креирале оглас на еден од порталите регистрирани за огласување дека наводно продаваат стан и презеле фотографии од друг огласен стан за продажба.

На тој начин тие го довеле во заблуда оштетеното лице од Кавадарци дека огласениот стан за продажба е сопственост на правното лице, на кое застапник бил второпријавениот.

Тие исто така на оштетениот, преку апликацијата „Вибер“, му покажале фотографии од станот и го навеле да им уплати 5.000 евра капар за купопродажба на станот на сметка на правното лице на второпријавениот.

По тоа, тие и понатаму го држеле во заблуда оштетениот со разни изговори за купопродажбата на станот, а кога увидел дека од купопродажбата на огласениот стан нема ништо, односно дека е измамен, тој го пријавил случајот во полиција.

Можете да прочитате

Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост” на тема „Право на домување на Ромите”

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК

Support Kocani: Денес e донирана и втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани