Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Двајца повредени од дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

Diskoteka Puls Pozar Kocani 22.jpg
Dik 300x250 mk

За викендов не се планирани исписи од странски медицински центри и во моментов надвор од државата се лекуваат 48 пациенти повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, информираат од Министерството за здравство (МЗ).

– Состојбата на пациентите останува непромената, односно остануваат во критична состојба пациентите за кои и претходно информиравме, додека останатите пациенти се во стабилна состојба, посочуваат од Министерството.


Нагласуваат дека во болниците во земјава во моментот се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски“ три на Клиника за пластична хирургија, двајца пациенти во приватната болница „Систина“.

– Во ГОБ „8 Септември“ еден пациент во моментов е на лекување, додека вториот, кој беше вратен од Анкара е прегледан и пуштен на домашно лекување. Исто така, на Клиника за пулмологија, во изминатото деноноќие е прегледан и пуштен на домашно лекување, пациент кој е вратен од Марибор, велат од Министерството за здравство и додаваат дека активно ја следат состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.

Можете да прочитате

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ

Реставрираното и конзервирано издание на „Пчињското изборно евангелие“ од 16 век вратено во библиотеката во Охрид