Двајца играчи на реал Мадрид и по еден на Партизан, Олимпијакос и Макаби Тел Авив, ја формираа идеалната петорка на Евролигата.
Петорката ја предводи најсеризниот кандидат за МВП наградата, Саша Везенков од Олимпијакос. Оваа сезона, Бугаринот имаше 17,2 поени и 6,8 скока по натпревар. Тој веќе а доби наградата „Алфонсо Форд“, како најдобра стрелец во Евролигата.
Плејмејкерот на Макаби, Лоренцо Браун, пред почетокот на сезоната го освои златото со Шпанија на Евробаскетот. Тоа му беше дополнителен мотив за Евролигата, беше лидер на Макаби со 16,4 поени и 5,5 асистенции.
Центарот на Партизан, Матијас Лесор, беше прв скокач на натпреварувањето (7,1) и втор по индекс на корисност (19,1), со 12 поени по натпревар. Тој осум пати имаше дабл-дабл и е еден од само десетте кошаркари во последната деценија со просек од повеќе од три офанзивни скока.
Бекот на Реал, Џанан Муса покажа дека може да игра на ниво на Евролигата и да биде. Сезоната ја заврши со просек од 15,2 поени по натпревар. Муса со Реал ќе игра на завршниот турнир во Каунас.
Последен член на идеалната петорка е Валтер Еди Таварез, кој пред неколку дена ја доби наградата за најдобар дефанзивец. Таварез имаше просек од 10,9 поени, 6,6 скока и 2,2 скока.