Утрински Весник
Свет

Двајца од четворицата киднапирани Американци во Мексико се пронајдени живи

Двајца од четворицата киднапирани Американци во Мексико се пронајдени живи

Двајца од четворицата американски државјани киднапирани во Мексико се пронајдени живи, но останатите двајца се мртви, соопшти мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

dobivaj vesti na viber

Тој изјави дека еден од преживеаните е повреден, пренесува ABC News.

Американските државјани во петокот со бело комбе со таблички од Северна Каролина преминале од Тексас во Матаморос, во североисточната мексиканска држава Тамаулипас, соопшти американската амбасада во Мексико Сити.

„Набргу откако преминале во Мексико, неидентификувани вооружени напаѓачи пукале во патниците во возилото“, соопшти амбасадата и наведува дека вооружените лица ги турнале американските државјани во друго возило и побегнале со нив.

Четворицата се идентификувани како Зиндел Браун, Ерик Џејмс Вилијамс и роднините Латавија Теј Мекги и Шејд Вудард.

Мајката на Латавија Мекги, Барбара Бурџис, изјави за „Еј-би-си“ дека нејзината ќерка отпатувала од Јужна Каролина во Мексико за медицинска козметичка процедура.

ФБИ претходно понуди награда од 50.000 долари за информации што ќе доведат до киднаперите и апсење на инволвираните.

 

Можете да прочитате

Авион на „Ер Индија“ принудно слета на островот Пукет во Тајланд по закана за поставена бомба

Убиен шефот на Иранската револуционерна гарда

Рубио до Иран: Да бидам јасен – не ги таргетирајте нашите интереси или персонал, не сме вклучени во нападите