Утрински Весник
Свет

Двајца напаѓачи убиле 10 лица, а повредиле најмалку 15 во Канада

Двајца напаѓачи убиле 10 лица, а повредиле најмалку 15 во Канада
Dik 300x250 mk

Канадската полиција во неделата соопшти дека трага по двајца осомничени за кои се верува дека избоделе 10 лица до смрт и раниле најмалку 15 лица во провинцијата Саскачеван.

dobivaj vesti na viber

Полицијата ги именуваше Демиен Сандерсон и Мајлс Сандерсон (Мајлс) како двајца од осомничените и рече дека патувале со црн Нисан Рог.

Убодите со нож биле пријавени рано утринава по локално време, а полицијата издала тревога за опасно лице низ провинцијата.

До попладневните часови, слични предупредувања беа издадени во соседните провинции Алберта и Манитоба.

Ронда Блекмор, командант на канадската кралска полиција во Саскачеван, рече дека властите не знаат дали осомничените ги смениле возилата.

– Нивната локација и правецот на патување се непознати. Страшно е тоа што денеска се случи во нашата провинција – изјави Блекмор.

Таа рече и дека полицијата се уште е во почетна фаза на истрага, дека се обидува да ја утврди врската меѓу двајцата осомничени и дали и биле познати на полицијата. Таа не можела да ги наведе мотивите за нападот.

Нападите се случија на повеќе локации, а полицијата истражува 13 места каде се пронајдени или мртви или повредени лица.

Полицијата соопшти дека се чини дека некои од жртвите биле цел на осомничените, додека други биле нападнати по случаен избор.

Во потрагата по осомничените полицијата ангажирала дополнителни сили,пренесе Аваз.ба.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците