Утрински Весник
Свет

Двајца мажи во Бања Лука силувале Американка

Двајца мажи во Бања Лука силувале Американка

Двајца мажи од Бањалука се уапсени вчера под сомнение дека силувале американски државјанин во Бањалука, дознава Српскаинфо.

dobivaj vesti na viber

Полициското одделение Бањалука соопшти дека го уапсиле С.С. и С.С. двајцата од Бања Лука, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „силување“, пренесува Српскаинфо.

Истиот ден жртвата пријавила во полициската управа Бањалука дека била силувана од двајца за неа непознати мажи“, велат од Полициската управа Бањалука.

Со преземање оперативни мерки и дејствија, полициските службеници утврдиле дека С.С. и С.С. може да се поврзе со извршувањето на споменатото кривично дело.

„Сите мерки и дејствија се преземени под надзор на дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство Бањалука, а С.С. и С.С. ќе биде предаден во надлежност на Окружното јавно обвинителство Бањалука, по завршување на кривичната истрага, заедно со Извештајот за сторено кривично дело“, соопшти СВР Бањалука.

Можете да прочитате

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија

Трамп се разочарал по телефонскиот разговор со Путин

Хамас бара гаранции за прекин на војната