Утрински Весник
Македонија

Двајца мажи измамиле и одзеле пари од жител од гостиварско

Двајца мажи  измамиле и одзеле пари од жител од гостиварско
Dik 300x250 mk

Вчера во 12.20 часот во СВР Тетово, 64-годишен жител на гостиварско село, пријавил дека околу 11.00 часот на улица „Беличица“ во Гостивар две машки лица, од кои едното зборувало на арапски јазик, го измамиле и му одзеле пари.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, тие му ги побарале парите наводно за да ги покажат на сопругата на едното лице и притоа му оставиле торбичка со девизи како гаранција дека ќе се вратат.

Како што било пријавено, откако не се вратиле, тој ја отворил торбата и забележал дека нема девизи и сфатил дека е измамен.

Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца

Алиу: Правиме дигитализација на здравство документите на телефон а не во ќеси