Утрински Весник
Македонија

Двајца малолетници тешко повредени по сообраќајка со мопед

Motor soobrakajka.jpg

На 24.02.2026 во 10:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска” со ул.„Борис Крајгер” во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди” со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа” со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.


Можете да прочитате

Собранието ја утврди потребата за носење на пакетот закони за намалување на платите на функционерите

Хоџа: Ја јакнеме државната контрола врз загадувачите, следи акредитирање на нашата Лабораторија и за нови методи

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим