Утрински Весник
Свет

Двајца браќа обвинети за кражба на 25 милиони долари во криптовалути, грабежот го направиле за неколку секунди

Kriptovaluti 1.jpg
Dik 300x250 mk

милиони долари за само 12 секунди, како и за перење на приходите од овој грабеж.

Американското Министерство за правда соопшти дека осомничените, студенти по математика и компјутерски науки, користеле високо специјализирани вештини за да влијаат на технологијата на блокчејн итриум за да ги валидираат трансакциите, пренесува Би-Би-Си.

Според обвинението, тие со измама добиле пристап до приватни трансакции што не чекаат, а потоа ги менувале за да ги префрлат средствата на нивните сметки.

Американското Министерство за правда објави дека гореспоменатиот грабеж е прв од ваков вид, а обвинителот Демиен Вилијамс изјави дека начинот на кој браќата Пераир-Буено ја извршиле кражбата „го доведува во прашање самиот интегритет на блокчејнот“.

Кражбата наводно била извршена во април 2023 година за само неколку секунди со помош на најсовремена шема која браќата ја планирале со месеци.

Доколку бидат прогласени за виновни, Антон и Џејмс Пераир-Буено се соочуваат со повеќе од 20 години затвор.

Можете да прочитате

Пентагон соопшти за американски напад врз брод за шверц на дрога на Карибите, три лица се убиени

Регистрирано зголемување на манипулативните кампањи за дисквалификација на ЕУ

Дваесет и три жртви во пожар во северозападно Мексико