Утрински Весник
Македонија

Два автомобили излетале од патот, еден удрил во заштитна ограда, возачите тешко повредени

Policija.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 04.11.2025 во 09:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат с.Форино–Гостивар, патничко возило „ауди” со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(23) од с.Чегране, гостиварско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 04.11.2025 околу 15:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во атарот на с.Оровник, општина Дебрца, патничко возило „смарт” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(30) од с.Горенци, општина Дебрца, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 04.11.2025 околу 12:15 часот во ОВР Кратово е пријавено дека на магистралниот пат кај с.Страцин, на место викано „Чатал”- кратовско, патничко возило „фиат добло” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(34) од Скопје, удрило во заштитна ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кратово.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари