
За нов претседател на федерацијата на Р.С. Македонија за Бразилска Џиу Џица беше избран Душко Стојановски. Оваа одлука се донесе на изборното собрание во просториите на Д Стронгест Скопје каде присуствуваа сите клубови-членки на федерацијата со свои официјални претставници.
Душко Стојановски, со богато организациско и промотерско искуство. Како поранешен член на Интернационалната Еспорт Федерација, Генерален Секретар во Македонската ММА Федерација и ко-основач на Студио Бејс, тој има значаен придонес во организација и промоција на бројни национални и меѓународни спортски настани, што претставува силна основа за понатамошен развој и унапредување на БЏЏ сцената во Македонија.
Стојановски ја презема функцијата од Ивица Алексовски, Основач на Д Стронгест, актуелен претседател на Македонската ММА Федерација и еден од најистакнатите спортски лидери во државата, кој во изминатиот 30 години има огромен придонес во развојот и афирмацијата на боречките спортови на национално и меѓународни ниво.
Македонската БЏЏ Федерација останува посветена на развојот на спортот во позитивен правец, унапредување на младите таленти и создавање услови за постигнување врвни резултати на домашната и меѓународната сцена.


