Утрински Весник
Економија

Дурмиши: Ќе донесеме одлука за минималата плата која ќе ги задоволи сите засегнати страни

Durmishi.jpg

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, останува на ставот да се разговара за барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 450 евра.

Министерот вели дека ќе разговараат со сите засегнати страни за да се донесе решение кое ќе ги задовли сите.

„Да ги слушнеме сите засегнати страна и ќе разговараме за тоа. Ќе донесеме одлука која што ќе ги задоволи сите засегнати страни. Јас им кажав и на синдикатите, стојам на страна на работниците“рече министерот во одговор на новинарско прашање пред денешната посета на занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија.

Дополни дека имајќи ја предвид буџетската состојба на која наишле, интервенирале таму каде што било суштински.

Сојузот на синдикати на Македонија имаше барање пред изборите во првите 100 дена на новата влада минималната плата да се покачи на 450 евра, нешто кое министерот го постави за приоритет во неговите првични изјави.

Во однос на барањето на Стопанската комора за недела повторно да биде работен ден и реакцијата на Сојузот на синдикати на Македонија дека тој треба да остане неработен, Дурмиши рече дека веќе разговарал со претставници на Синдикатите и оти тоа ќе го направи и со работодавачите, а со цел да ги слушне и двете страни.

“По оваа средба ќе разговараме во Владата и ќе донесеме одлука која ќе ги задоволи двете засегнати страни“рече тој.

На средбата со Синдикатите, како што рече, им кажал дека стои на страната на работниците, но оти треба да се има во предвид дека работодавачите сепак се тие кои ги креираат работните места.

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена