Утрински Весник
Економија

Дура Aутомотив ја затвора фабриката во Македонија

Dura.jpg

Првите месеци од новата 2025 година не носат добри вести околу странските инвестиции.

Ирско-американската компанија „Аптив“, која од 2016 година работеше во ТИРЗ Бунарџик кај Скопје со околу 500 вработени, одлучи да го затвори својот погон во Македонија и да го пресели производството во Полска и Португалија.


Како што дознава 24инфо.мк по тие патеки тргна и фабриката за автомобилски делови Дура Аутомотив.

Од први февруари фабриката ги отпушти вработените, а деновиве задржани се мал дел од администрација кои треба да ги завршат формалностите околу затворањето.

Став за причините за затворањето побаравме од Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони но од таму до овој момент не добивме никаков одговор.

Дура Аутомотив Системс потпиша договор со Владата во 2018 година и во неа работеа над 500 лица.

Покрај затворањето на Аптив и Дура Аутомотив, фабриката „Џонсон Мети“, најголемиот извозник од Македонија, најави намалување на бројот на работни позиции поради глобалните случувања на автомобилскиот пазар.

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска за Договорот со Велика Британија: Сè ќе биде согласно закон и транспарентно

Национална конференција на ОРМ: Продуктивноста на македонските компании е загрижувачки ниска, време е за решителни и суштински реформи

Мицкоски го презентираше Оперативниот план за вработување вреден 40 милиони евра