Утрински Весник
Спорт

Дуплантис го одбрани олимпиското злато со нов светски рекорд во скок со стап

20240805231202 Big 730x400 21.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис го одбрани златниот медал со нов светски рекорд во скок со стап на Олимписките игри во Париз.

Дуплантис го освои златниот медал, прескокнувајќи шест метри и 25 сантиметри.

Дуплантис ја почна серијата на височина од 5,95 метри, по што повторно веќе во првиот обид прескокна шест метри и 6,10 метри.

Потоа ја подигна летвичката на 6,25 метри во обид да го собори светскиот рекорд, што му успеа во третиот обид.

Дуплантис го собори сопствениот светски рекорд од 6,24 метри.

Американецот Сем Кендрикс го освои среброто со скок од 5,95 метри, а Гркот Емануил Каралис се закити со бронзата, прескокнувајќи 5,90 метри.

Можете да прочитате

Ибрахимовиќ: Најдобар фудбалер на сите времиња е Роналдо!

Лазаров ги одбра 19-мината кои ќе патуваат на ЕП 2026

Новак Ѓоковиќ се повлекува од Здружението на професионални тенисери