Утрински Весник
Спорт

Дукати доминира и во Германија, Бањаја на пол-позицијата

Дукати доминира и во Германија, Бањаја на пол-позицијата

Актуелниот светски првак Пеко Бањаја ја освои пол-позицијата во Захсенринг. Возачот на Дукати ја освои 15, пол-позиција во Мото ГП кариерата. Третиот тренинг и квалификациите ги обележа Марк Маркез кој три пати падна, на крајот заврши на седмото место.

dobivaj vesti na viber

Возачите на Дукати доминираа о на легендарната патека во Захсенринг. Петмина се пласираа на првите шест позиции. Денот им го „расипа“, возачот на КТМ, Џек Милер, кој го освои третото место.

До Пеко Бањаја, од второто место трката ќе ја започне возачот на ВР46 тимот, Лука Марини.

Вторито ред ан стартот го формираа Жоан Зарко (Прамак Дукати), Марко Бецеки (ВР46) и Хорхе Мартин (Прамак Дукати).

Спринт трката во Германија, во „кралската класа“ ќе стартува в 15 часот.

Можете да прочитате

Убедлив триумф на македонските кошаркари против Азербејџан

Партизан ја одби оставката на Обрадовиќ

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам