Утрински Весник
Македонија

ДУИ: ВМРО и Мицкоски ги поттикнуваат изјавите за војна против Албанците

Мицкоски: За 5 години владата на СДСM го зголеми јавниот долг за 2,916 милијарди евра

И втор ден по ред по скандалозните изјави на Александар Николовски во кои повикува на војна среде собрание, слично и на наративот од 27 април, ниту Мицкоски, ниту ВМРО ДПМНЕ не се дистанцира од тие закани. Николовски е поттикнат од неговиот лидер Мицкоски кој што објавува слика од заклетва во маскирна униформа, со празен калашников во рацете, и опкружен со деца и жени, во кој што демонстрира закани кон Албанците, се вели во соопштението од ДУИ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека Мицкоски се уште не одговори дали има вистина во тврдењата на неговите градоначалници дека изрично им забранил да ги легализираат домовите на Албанците во тие општини иако ги исполнуваат законските услови, дека им забранил да соработуваат со Албански бизнисмени и да не издаваат дозволи за градба, со порив од расистички демографски политики.

Нивната мртва трка со Левица на Апасиев поттикнува етничка нетрпеливост која што ја гледаме и слушаме секојдневно на контактните емисии на македонски телевизии и тоа е директна последница на наративот и сликите нa Мицкоски, Николоски, Апасиев, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

(Видео) Провокација на албанските навивачи, Дебар бил албански град

Куќа изгоре во Пелинце, избегната е поголема катастрофа

Порака од „Маршот за ангелите“ кон Мицкоски и Давкова: Нели ви е срам? Имате ли деца?