Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Ургентно формирање Парламентарна комисија за оценување на селективната правда во третманот на трагедијата во Кочани

Dui 1.webp.webp
Dik 300x250 mk

Интегрален текст од соопштение за јавност на ДУИ:

Парламентарната група на Европскиот Фронт денеска официјално ќе побара формирање на посебна Парламентарна Комисија за истражување на селективниот и едностран пристап на правосудниот систем, кој е под контрола на Владата, во третманот на трагедијата во Кочани. 


Оваа комисија треба да се формира веднаш и да вклучи претставници на ОБСЕ, како и претставници од амбасадите на САД. ЕУ и земјите-членки на Европската Унија во својство на набљудувачи, со цел да се обезбеди фер, независен и транспарентен истражен процес.

Селективната правда ја потресе секој граѓанин на оваа земја и создаде без преседан ситуација која ги загрозува темелите на правната држава и довербата на граѓаните во институциите.

Неодговорноста или политизацијата на правдата за тесно партиски цели не ги загрозува само основните права на граѓаните, туку и демократската стабилност и европската перспектива на земјата.

Парламентарната група на Европскиот Фронт денеска ќе поднесе официјална иницијатива за ова прашање и очекува Собранието да дејствува со максимална одговорност и сериозност за да обезбеди независно, веродостојно и инклузивно истражување.

ДУИ останува непоколебена во својата посветеност на заштита на правата на граѓаните и зајакнување на правната држава во земјата.

Можете да прочитате

Галетановски поднел оставка од функцијата шеф на Градска организација на СДСМ

Мицкоски очекува околу 130.000 гласа за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг

Ина Многуфина до Лекарска комора: Ваша е бруката за лиценцата на д-р Кузмановски