Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Срамна одлука на ДИК за намалување на бројот на советници

Dui Zgrada 98287 207965 1.jpg

Демократската унија за интеграција реагира на вчерашната одлука на Државната изборна комисија за намалување на бројот на советници во дел од општините. Според ДУИ станува збор за „етничко надгласување“ и намалување на бројот на советници исклучиво во албанските општини. Одлуката на ДИК ја оценуваат како срамна и обвинија дека ВМРО-СДСМ и ВРЕДИ се против Албанците.

„Оваа одлука не е само политички штетна за Албанците, туку претставува и опасен преседан кој ја враќа земјата назад во времето пред 2001 година, или поточно во времето на Милошевиќ и Рахман Морина, кога волјата на Албанците систематски се игнорираше и газеше, а дискриминацијата се спроведуваше преку инструментализација на институциите. Во септември 2024 година, оваа моноетничка влада донесе неуставна одлука за намалување на бројот на советници. Свесни за прекршувањето што го направија, пред три месеци се обидоа да го изменат Законот за локална самоуправа, но Европскиот фронт ја блокираше оваа иницијатива со мнозинството на Бадентер“,
се наведува во соопштението од ДУИ.


Од ДУИ додаваат и дека со одлуката на ДИК се погазени сите правни и демократски норми.

Со оваа одлука албанските општини се директно оштетени: само во Гостивар бројот на советници се намалува од 31 на 23, а во Струга, Кичево, Врапчиште, Желино и Теарце се намалуваат по четири советници во секоја општина. Дополнително, дијаспората е исклучена од официјалните пресметки, што дополнително го оштетува претставувањето и економскиот развој на нашите општини. Уште позагрижувачка е соработката на ВРЕДИ, која уште еднаш докажува дека не ги претставува Албанците, туку ги прикрива неправдите кон нив. Денес, ВМРО, СДСМ и ВРЕДИ уште еднаш јасно покажаа дека се на ист фронт против албанските интереси“, додаваат од ДУИ.

Од ДУИ потенцираат и дека членката на ДИК, Дитмире Шеху ќе поднесе тужба пред Управниот суд.

Можете да прочитате

„По Материјата“ – изложба на македонски, грчки и албански уметници во општина Преспа, Грција

СДСМ: Мицкоски е во паника поради падот на поддршка, без резултати зад себе измислува лажни сценарија за изборите

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција и подобрување на капацитетите на Владата, ниту една функција не е вечна