
Соопштение за јавност на ВРЕДИ:
Системот “Безбеден град” е прашање на јавна безбедност, на заштита на животите на граѓаните и на воспоставување ред на улиците. Кога зборуваме за “Безбеден град”, зборуваме за животите на луѓето.
Зборуваме за улици каде што денес некој го губи својот татко, син, сестра затоа што некој друг мислел дека правилата важат само за другите. И токму на толку сериозна тема, самопрогласената “реформирана” ДУИ, или како што сакаат да се нарекуваат во Собранието, “Европскиот фронт”, докажа дека не е способна да произведе ниту еден став, а камоли одговорна политика. Значи, ниту месо ниту риба!
На една конференција, граѓаните слушнаа две верзии од истата партија. Во принцип беше “да”, потоа Садула Дураку излегува и самиот признава дека “работите им се збунувачки”. Па за што се тие, за или против. Дали гласаат за законот или го блокираат. Токму така функционираше ДУИ отсекогаш, 20 години со грешки, полурешенија и магла, многу пропаганда, многу алибија и малку решение. На граѓаните им се потребни институции што функционираат, а не партии што играат пинг-понг со јавниот интерес. Безбедниот град не е тема за дневна политика, туку тема за ред и за спасување животи.

