Утрински Весник
Македонија

ДУИ подготвена да оди во опозиција, има еден услов

ДУИ подготвена да оди во опозиција, има еден услов

ДУИ е подготвена да оди во опозиција ако ВМРО-ДПМНЕ ги поддржи уставните измени и тие стапат во сила пред формирањето на таа влада, објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својство на портпарол на ДУИ.

dobivaj vesti na viber

„ДУИ е подготвена да поддржи влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и тие стапат во сила пред формирањето на таа влада. Европската иднина на граѓаните ем пред сè!“, објави Османи на „Фејсбук“.

Неговата изјава следува по денешната лидерска средба на премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На средбата Ковачевски му понуди на Мицкоски место во Владата ако ги поддржи уставните измени, на што опозицискиот лидер возврати дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во Владата со СДСМ и со другите политички партии, но без учество на ДУИ.

Истовремено, еден од условите на Мицкоски беше и уставните измени да не стапуваат веднаш во сила, туку кога Македонија ќе влезе во ЕУ.

Можете да прочитате

Европската Унија и Република Турција: Стратешко партнерство во време на глобална несигурност

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вршеле рекет сред пандемија

Левица: Државна лотарија како мегафон на власта – јавните пари се користат за дворски трубадури