Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Остро го осудуваме овој варварски чин на насилство

Dui Mala Rechica 623x330 1.jpg

Загрижени сме од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на листата во Општина Липково, кој беше застрелан од маскирани лица и ранет. За среќа, неговиот живот е надвор од опасност и тој ја добива потребната медицинска нега, се наведува во соопштението од ДУИ.

„Остро го осудуваме овој варварски чин на насилство и бараме од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство веднаш да реагираат – со целосна транспарентност и решителност – за да ги идентификуваат, уапсат и изведат пред лицето на правдата сторителите на овој атентат.


Им упатуваме апел на сите наши поддржувачи, симпатизери и граѓани воопшто да останат смирени, да не подлегнуваат на провокации и да ја покажат зрелоста што отсекогаш ја карактеризира нашето движење.

Во знак на солидарност со повредениот и за да ја нагласиме сериозноста на настанот, нашата партија одлучи да ги прекине сите денешни активности, a институциите да преземат конкретни чекори за враќање на јавната доверба и безбедноста на теренот“, велат од ДУИ.

Можете да прочитате

Македонија меѓу најуспешните во светот во намалување на смртноста кај новороденчињата

Делегација на ТХП во посета на Истанбул

Неработен ден утре по повод Рамазан Бајрам