Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Одлуката на МВР да го затвори случајот со полицаецот кој го понижи албанското знаме е чиста дискриминација

Dui 1 750x430 1.jpeg

„Одлуката на Министерството за внатрешни работи да го затвори случајот со полицаецот кој го понижи Албанското национално знаме без никаква одговорност или казнена мерка е срамен чин и јасен знак за легализирање на дискриминацијата кон Албанците во Северна Македонија“, соопштија од ДУИ.

„Овој потег ја покажува целосната неуспешност на институциите да го заштитат достоинството на Албанците и да обезбедат почитување на основните права.


Одговорноста за оваа состојба не се сведува само на етничката омраза и одмазда на Владата и  на министерот Панче Точковски, туку и на нелегитимните албански претставници во Владата, кои со своите континуирани манипулации и лажни ветувања ги предадоа интересите на Албанците.

Заменик-министерот за внатрешни работи и претставниците албанци избрани од ВМРО-ДПМНЕ, кои денес се дел од оваа Влада, покажаа целосна неспособност да го претставуваат и бранат својот народ, станувајќи гаранти на неправдата и дискриминацијата.

Нивното молчење пред овој чин и пред многу други дискриминаторски постапки претставува голем срам и предавство на националните интереси на Албанците.

Наместо да бидат заштитници на Албанците, тие станаа алатки на власта, која систематски ги понижува нашите симболи и националното достоинство.

Оваа состојба не може повеќе да се толерира.

Албанците се изморени од манипулациите, празните ветувања и предавствата на своите претставници, кои продолжуваат да делуваат во личен интерес наместо да ги бранат правата и интересите на својата заедница.

Сите кои се дел од оваа неправда ќе сносат одговорност пред Албанците и пред историјата“, додаваат од ДУИ.

Можете да прочитате

Наутро студено и магливо, преку ден сончево

Собранието го донесе Законот за учебници, усвои и повеќе закони од различни сфери

Врне снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот