
Каде остана големото пропагандно ветување на коалицијата ВРЕДИ за 10.000 евра за секој граѓанин на нашата држава? По една и пол година власт, во пресрет на локалните избори, граѓаните сè уште не видоа ниту еден цент од оваа гласна најава, се вели во соопштението од ДУИ.
„По една и пол година власт, во пресрет на локалните избори, граѓаните сè уште не видоа ниту еден цент од оваа гласна најава. Наместо резултати, секојдневно гледаме докази за внатрешни поделби и меѓусебни обвинувања за корупција меѓу раководството на оваа коалиција. Тоа јасно покажува дека ветувањата не беа дадени за граѓаните, туку за тесни политички и лични интереси.
Билансот на измамите на ВРЕДИ:
Ветија 2.500 вработувања, граѓаните завршија со нула.
Ветија 10.000 евра за секој граѓанин, граѓаните завршија со нула.
Ветија Албанска академија на науките, го донесоа Додик.
Ветија албанска банка, ја донесоа српската банка.
Ветија уставни измени и европска интеграција, го донесоа српскиот свет.
Ветија национални програми, го донесоа српскиот МТЕЛ.
ВРЕДИ е голема политичка измама која скапо ги чини Албанците: од горди, достоинствени, до понижени и исклучени. Граѓаните заслужуваат достоинствено и чесно претставување и конкретни резултати, а не измами, манипулации, скандали и корупција“, велат од ДУИ.