Утрински Весник
Македонија

ДУИ и Движењето на народот потпишаа коалициски договор за претстојните избори

Front 2.png

Претседателот на Демократската унија за интеграции (ДУИ) Али Ахмети и претседателот на Движењето на народот Скендер Реџепи Зејд денеска потпишаа коалициски договор за претстојните претседателски и парламентарни избори. Коалиција беше најавена како Европски фронт кој ќе биде пречка за „руското влијание во земјата“. Ахмети најави дека во тек се разговори и за приклучување и на ДПА на Мендух Тачи, на  Европска демократска партија (ЕДП) на Аријанит Хоџа, на крилото на Зијадин Села во Алијанса за Албанците и на партиите на Бошњаците, на Турците и на Ромите во Македонија, со што ДУИ за првпат излезе од албанскиот изборен формат.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Бујар Османи го вети автопатот Скопјe-Блаце, но донесе само лаги

ЦУК: Еден активен пожар, два под контрола, вкупно 24 изгаснати пожари

Заврши годишниот одмор за пратениците, но освен денешниот брифинг со новинари на Гаши нема најави за други активности сѐ до крајот на неделата