Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Дали во февруари 2025 во Општина Куманово имало средба меѓу Изет Меџити и Александар Вулин за српска инвестиција во „Битолска Банка“

Dui Mala Rechica 623x330 1.jpg

Соопштене на ДУИ:

Во интерес на транспарентноста и правото на граѓаните на информираност, ја отвораме следната дилема за која јавноста заслужува одговори:


Дали во февруари 2025 година, во кабинетот на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во присуство на заменик-премиерот Стоилкович, се одржала средба меѓу Изет Меџити и Александар Вулин, на која била разгледувана и координирана значајна српска инвестиција во „Битолска Банка”?

Доколку овие информации се точни, јавноста мора да биде запознаена со мотивите, содржината и последиците на таков состанок. Секоја непрозирност во врска со меѓународни финансиски интереси отвора сериозни сомнежи за политичко влијание и зависност.

Затоа, ги повикуваме сите инволвирани страни – градоначалникот на Куманово, заменик-премиерот Стоилкович и Изет Меџити  да дадат јасни и навремени појаснувања пред јавноста.

Можете да прочитате

Може ли Чаир да биде политички гробар на Али Ахмети?

ВЛЕН:Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

ОДИХР со 14 набљудувачи од утре почнува со следењето на Локалните избори 2025